уторак, 7. фебруар 2017.

Внатрешни периферни уреди

Влезни уреди



Влезни периферни уреди се уредите од компјутерот преку кои се внесуваат податоците и инструкциите во компјутерот. Податоците во компјутерот може да ги внесува или човекот или некој осетлив уред - термометар, брзинометар и др. Вообичаени уреди преку кои човекот ги внесува податоците во компјутерот се: тастатура, глувче, скенер, микрофон, екрани осетливи на допир, видео камера и слично.


ТАСТАТУРА

Тастатурата е уред кој има повеќе од 100 копчиња за внесување на податоци во компјутерот преку типкање. Постојат различни видови тастатури според изгледот, распоредот на копчињата, начинот на поврзување со компјутерот, материјалот од кој се направени и сл. На пример:
'


ГЛУВЧЕ

Глувчето е уред за покажување, избирање, преместување и активирање на објекти прикажани на екранот. Се состои од тело кое се движи по рамна површина и копчиња: лево копче, десно копче и копче за скролирање – движење горе-долу на екранот.
 Видови глувчиња:
 Постојат различни видови глувчиња според изгледот, начинот на работа, начинот на поврзување со компјутерот и сл.

Image result for computer mice





МИКРОФОН

Микрофонот е уред за внесување на звучни податоци (говор) во компјутерот.

Image result for computer microphone



СКЕНЕР

Скенерот е уред за внесување на графички податоци во компјутерот . Според површината која се скенира, скенерите можат да бидат:
• деск скенери – за поголема површина (листови, книги, фотографии),
• рачни скенери – за мала површина (бар кодови и слично).
Image result for computer scanner

Текстот е превземен од: http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/informatika_5_mk.pdf
















Нема коментара:

Постави коментар